(ФОТО) Денес во семејството на Ѓорги Иванов се слави – екс претседателот и тоа како има убава причина

  • By klaster3
  • април 4, 2022
  • 0
  • 455 Views

Ѓорге Иванов е поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година. На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Иван Иванов е единствениот син на поранешниот македонски Претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја кој студираше на Правниот факултет, отсек политички науки.

Лани тој ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.

Малкумина знаат дека Иван е голем љубител на музиката и има свој бенд. Во изминатите години тој бил редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава

Пред неколку години беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ.

Освен тоа, Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва.

Според фотографиите објавени тогаш, венчавката најверојатно ја направиле во потесниот круг на најблиските роднини од семејството и најверните пријатели.

„Таа ме освои со шармот, насмевката, нивнотот на промислување на работите околу себе, со нејзината интелегенција, секако и убавина. Пред се ме освои со тоа што беше таа вистинската, едноставно работите течеа по природен пат.

Јас сум горд на нашата македонска традиција, растен сум со баба, дедо, тие ми го всадиле тоа. И несакам да помислам дека некој би се срамувал од тие обреди адети кои нашите стари го негувале и пренесувале и тоа ќе го испочитувам. Нормално и оној модерен дел, забавен“, кажа тој во интервју за Бекстејџ.

Денес семејствата Иванови и Кочови имаат прекрасен повод за славење: им се роди првото внуче од Иван и Јана. Младиот пар доби син, а убавата вест ја споделија на социјалните мрежи.

Таткото на сопругата Јана, Атанас, по тој повод ја објави радосната вест на неговиот профил и напиша: Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *