(ФОТО) Човек да и подзавиди: Џими и Анета Молика по Дубаи, викендов отпатуваа во уште една светска метропола

  • By admin
  • април 4, 2022
  • 0
  • 458 Views

Во последно време речиси и да нема викенд, а Анета Мицевска со нејзиниот сопруг Џими Молика да не патуваат негде надвор од границите на нашата држава.

Важат за мошне ангажирани изведувачи на нашата сцена, но и во дијаспората. Но освен професионално, тие се почесто патуваат и приватно.

За нив е познато каде и да се појава секогаш привлекуваа внимание во јавноста, а забавата со Анета и Молика секогаш е загарантирана.

За нив не е потребни премногу да се трошат зборови. Ако кажеме дека се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас нема да погрешиме.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика секогаш наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Анета со својот сопруг Џими во последно време често патуваат, како приватно, така и на професионален пат.

Неодамна тие беа на мини туренеја во западна европа, поточно во Австрија и Германија каде што живеат и рабоата голем број Македонци.

Пред десетина дена како што е познато тие беа во Обединети Арапски Емирати каде каде уживаат во едни од најскапите градови во светот, Абу Даби и Дубаи.

Џими на социјалните мрежи, поточно на својот профил на фејсбук споделува како си поминува со сопругата Анета.

Овој викенд се решија да заминат во една од најголемите светски метрополи, а тоа е Лондон. Џими вчера објави дека со Анета отапуваа од Охрид за Лутон.

Попладнево Џими на својот профили сподели фотки со својата сопруга Анета на кои позираат покрај убавините на Лондон. Во продолжение може да погледнете како си поминуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *