Тој е еден од македонските пејачи што заработил најмногу пари – има три стана во Австралија

  • By admin
  • август 29, 2021
  • 0
  • 7713 Views

Благојче Стојановски или попознат како Туше, ресенчанецот кој во Преспа ужива статус на музичка ѕвезда. Популарен и познат пејач и пошироко, ќе констатирам дека е еден од ретките кој си определил да биде свој на своето, во својот крај, со најмилите.

-Се почна во крајот на 80’ тите години и никој па ни јас самиот неверував дека ќе стигнам до тука. Навистина е дека со една убава преработка (а текстот е мој) патот ми се отвори, а тоа ниту го кријам ниту се срамам од тоа, бидејќи и поголеми светски и балкански ѕвезди имаат преработено песни и се таму на највисокото место и никој ништо не им може (се смее).

Останав свој на своето , воспитан сум така да не ги оставам моите родители сами во Ресен, а имав многу шанси да заминам во Скопје, но ете вака подобро се чувствувам, изјави во едно свое претходно интервју Туше и притоа додаде:

-Првото мое издание, тогаш касети, го издадов самиот јас бидејќи никој од издавачките куќи немаа верба во мене, а и тоа што ми го нудеа за соработка беше само да ти наплатат добро, па дали ќе помине или не, не им беше важно.

Па затоа можам со гордост да кажам се ова што имам постигнато е само со моја работа и помош од колегите и секако од вас новинарите. Самиот возев од град во град, од музичка продавница до музичка продавница да го нудам мојот материјал и успеав во тоа.

Јас сум роден во Австралија, но моето срце е во Македонија и тука ќе остане.Имам можност да се преселам таму, но како што кажав воспитан сум родителите да не останат сами на старост така што ние со фамилијата решивме да останиме тука и нашите родители да се порадуваат со внучињата.

А како што и вие знаете доста патувам и со фамилијата, фамилијарно. Јас не сум зафатен со бизниси и сакам да кажам се што сум створил мое е од музиката. Држам цена, а и доста пати одам за чест кај другари и блиски пријатели.

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше е еден од фолкерот кој досега најмногу заработил од музика, пренесува Естрадаплус.

Како што наведуваат, иако не сакаше да открие од блиски нивни дозанале дека автомобилот кој го вози е над 90 000 евра, а поседува стан во Охрид.

Исто така куќа во Ресен и 3 станови во Сиднеј, Австралија.Туше освен музика друго ништо не работел во животот ,долги години престојувал во Австралија ,но и пред пандемијата секоја година одеше на турнеја најмалку по 2 пати .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *