Македонците годинава си најдоа „нова Грција“ за летување – и покрај мерките и понатаму заминуваат

  • By admin
  • август 29, 2021
  • 0
  • 8720 Views

Голем број граѓани преку преминот Ќафасан кај Струга, заминаа на одмор за Албанија, на некоја од дестинации на албанското крајбрежје.

Со тоа користејки ги последните денови пред да стапи одлуката на македонската влада, за задoлжително приложување на доказ за вакцинација или пср тест на влез во земјава.

„Во близина на Драч ќе одиме.За викенд? Не за одмор, на седум дневен одмор.Имавме уплатено преку агенција.Се пазиме, вакцинирани сме, имаме сертфкат.Ќе се пазиме“., вели еден граѓанин за Алсат ТВ.

„И покрај зголемениот број на возила за излез кон Албанија, овде на граничниот премин Ќафасан кај Струга,денес се чекаше помеѓу пет и десет минути, за излез од државата“.

Подтоците покажуваат дека многу граѓани летово одмарале кај западниот сосед.Според полицијата само во периодот, јули- август, оваа година,преку Ќафасан, регистрирани биле 126.570 патници на излез од Македонија и 84.231 на влез во земјава.

„Бројките покажуваат дека во споредба со минатата година каде што биле регистрирани на излез од Република Македонија 81792 наши државјани и на влез во Македонија, 43987 наши државјани,или вкупно 125779,констатирано е дека има зголемување на протокот на патници и возила за оваа туристичка сезона.

Ова покажува дека бројот на оние кои ја одбрале Албанија за летни одмори е исклучитено голем.Последниот викенд од овој месец, кој е празник во Македонија, се очекува да продолжи со истата фреквенција се до први септември“.

Изминатиот период вели Ислами,заради справување со зголеманата фреквенција, бил зголемен бројот на полициски службеници, а во функција биле и повеќе шалтери и на влез и на излез.

Сепак тиристичките работници велат дека новите мерки негативно ќе влијаат за остатокот од туристичката сезона, бидејки има многу граѓани,кои сакаат да одмараат во текот на септември.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *