Професорот Трајковски сподели позитивни вести, но најави нов бран и кажа кога го очекува

  • By admin
  • август 29, 2021
  • 0
  • 3570 Views

Бранот на заразување се намалува, предвидените бројки на почетокот на август до две илјади заразени нема да бидат во овој период благодарејќи на мерката со задолижителен сертификат во затворените простории каде се намали метежот, вели за Канал 5 ТВ професорот од машинскиот факултет од Битола Дејан Трајковски.

Максимумот од 22 август кога заразени беа 1.250, остана како ден со највисоки бројки на заразени. Според професорот максимумот на активни случаи ќе биде за три дена кога ќе бидат 15 илјади случаи и на бројот на хоспитлизирани со околу 1.300 пациенти.

За стартот на учебната година тој вели дека помладите од 18 години сочинуваат 20 проценти од популацијата или 250 до 300 илјади луѓе и чие влијание на преносливоста треба да биде ограничено.

Тој вели дека се уште сме далеку од колективен имунитет и дека при оваа летна преносливост ние ќе го достигнеме колективниот имунитет кон крајот на септември, но тогаш ќе започне есенската преносливост и ќе бара дополнително прележување.

„Според проценката околу 65 посто од населението во Македонија имааат одреден имунитет. Тоа може да спречи поинтензивно заразување меѓутоа за Делта сојот тој процент треба да достигне 85 посто, значи има голем простор. Се работи за некои 400.000 луѓе кои подлежат за заразување.

За Трајковски од октомври и ноември ќе има нов бран, но засега е рано да се каже со колкави максимуми, но очекува дека може да бидат со слични бројки како минатиот номеври.

Според него единствено позитивно е што бројката на позитивни тестови во однос на тестирањата од пролетта е речиси двојно пониска од колку во пролетниот бран што се должи на вакцинацијата.

Само високата стапка на вакцинираност може да донесе помирна есен и покрај поголемата преносливост на делта сојот.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Канал 5 ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *