Јулија Петровиќ е една од ретките припаднички на понежниот пол која решила да биде професионален возач на автобус, работа која не е својствена за жените.
Кариерата ја започнала пред околу шест месеци, а набрзо дошла на идеја да го збогати своето работно место и да го направи необично.
Во договор со својата колешка, Јулија закачила бројни играчки во кабината на автобусот, но и неколку знамиња и амблеми.
Како што вели, децата најмногу се радуваат на овој весел амбиент. Има и позитивни и лоши страни оваа работа но вели дека го работи тоа што го сака.
– Јас имам уште одамна положено за автобус но прво сакав да се пробам како ќе ми оди со камион, таму не се снајдов добро и дојдов овде.
– Го имам тој инстикт но се ушт сум пресна за да донесувам премногу заклучоци, овде има многу позитивни луѓе и ми помагаат.
– Имам одлични колеги со кој имаме разбирање, јас сум најмлад члено овде. Платата ми е добра не можам да се пожалам, вели Јулија за ,,Прва рс”
– Често има предрасуди не само за оваа работа и за други но еве конкретно за мојата велат дека сум женско и не можам да се снајдам.
– Но можам да кажам дека позитивните коментари преовладуваат и на мене луѓето гледаат со восихт и имаат доста почитување.
– Најмногу се восхитуваат и ме радуваат малите дечиња кога ќе влезат и ке видат како е украсена цела кабина, тоа го нема во ниту еден друг автобус.