Иако неговиот син доби 40 милиони евра, тој не се откажува од работата како таксист

  • By klaster2
  • февруари 8, 2022
  • 0
  • 526 Views

Њукасл јунајтед го потврдија своето трето засилување во јануарскиот преоден рок, откако бразилскиот фудбалер од средниот ред Бруно Гимараеш пристигна од Лион за 33 милиони фунти.

Гимараеш кој има 24 години потпиша договор до 2026 година со клубот од „Сент Џејмс парк“ и е трето засилување за тимот на Еди Хоув по Киеран Трипиер (од Атлетико Мадрид) и Крис Вуд (од Барнли).

„ Бруно е голем талент и беше една од нашите главни цели во овој преоден трансфер рок и пресреќни сме што доаѓа во Њукасл.

,, Тој се покажа во француската лига и веќе е репрезентативец на Бразил, така што очекувам да добие одлична поддршка од фановите“, изјави менаџерот Еди Хоув.

Гимараеш помина две сезони во Лион, во кои имаше 71 настап и 3 гола, откако пристигна од Атлетико Параненсе. Тој го освои олимпиското злато со Бразил минатата година.

Бруно Гимараеш во неодамна завршениот преоден рок премина од Лион во Њукасл во трансфер вреден 40 милиони евра плус осум милиони можни бонуси.

Бразилецот стана најскапото засилување на Њукасл, кој во последно време е во рацете на богатите шеици и се стремат за уште позвучни имиња.

Иако со овој трансфер практично засекогаш се осигура себе и своето семејсто, бразилските медиуми пишуваат дека семејството на Бруно е толку скромно што не планира да се откаже од работата.

Гимараеш го избра бројот 39 во Лион, а сега и во Њукасл ќе го задржи, во чест на неговиот татко кој вози такси со тој број.

Таткото нема намера да се откаже од возењето на такси, како и мајката која работи како продавачка во продавница за велосипеди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *