Љубчо Георгиевски: Македонија треба да направи ревизија на сопствената историја

  • By admin
  • февруари 8, 2022
  • 0
  • 465 Views

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ја поздравува новата енергија и дух во преговорите меѓу Македонина и Бугарија.

-Двајцата нови премиери го внесоа тоа, не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветар, вели Георгиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Георгиевски смета дека и во двете општества има душегр ижници кои наоѓаат мааани на се и сешто.

-Во бугарската политичка сцена некои измислуваат проблеми каде ги нема, зошто Петков дошол во Скопје, зошто Ковачевски не бил на „баци рака“ во Софија итн. Додека пак овде, имам чувства дека бот ови без да видат што се случува реагираат по автоматизам, информира поранешниот премиер.

Георгиевски додава дека правото на вето е погрешна одлука на Софија. -Јас и тоа им го кажав таму дека со ветото не решаваат ништо, оценува тој.

му е што во двете општества секогаш кога ќе се направи некоја иницијатива да се подобрат односите, се наоѓаат душегрижници кои наоѓаат проблеми.

– Кај нас, постојано имам чувство дека што и да се направи од бугарска страна, таквите друшегрижници, особено бот овите на интерент реагираат по автоматизам.

Новиот бран би го протолкувал како нова стратегија на Бугарија која долги го децении велеше дека Македонците се Бугари од почеток до денес, а потоа се разви нова теза, дека денес Македонците може да се кажуваат како сакаат, но претците не може да ги дадат.

Не сметам дека политиката на државно ниво треба да решава историски проблеми. Како политичар од ВМРО-ДПМНЕ за 30 години на првото основачко собрание на партијата реков дека Македонија треба да ја смени политиката кон Бугарија, треба да направи ревизија на сопствената историја и тоа треба да го направиме заради нас самите. – рече Георгиевски.

Бугарското општество треба да си најде јазик на комуникација за оние кои се чувствуваат како Македонци и според нивните пописи излегува 1800 декларирани Македонци.

Во Македонија како да забраваме дека до 1992 се грижела за малцинствата во соседните држави и ништо не направивме за тие Македонци.

Сметам дека тоа фаши стичка сила е прелевање на дискусија која трае во Бугарија повеќе децении и сега се интензивира во нивното општество.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *