(ФОТО) Гавазова ги собра најсаканите на едно место – на гозба со сопругот, мама, тато, даде, децата

  • By admin
  • август 8, 2022
  • 0
  • 432 Views

Општо познато е дека приватниот живот на славните личности секогаш привлечен за обичниот човек, па со право и интересот и љубопитноста да се дознае нешто плус.

Како и за сите познати личности од јавниот живот, истото важи и за Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани.

Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.

Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.

Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Сузе како што е познато со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада и на сцената опстојува со години.

Со оглед згуснатиот распоред речиси и да нема ден а Сузе да не се дружи со микрофонот и да нема настап, но уште еднаш покажа и докажа дека може да се има баланс со приватниот живот.

Гавазова докажа дека кога се сака, се може се, па најде време и за своите најсакани, фамилијата со која се дружеше на заедничка софра.

Пејачката со нејзините родители, сестрата, децата, сопругот и уште неколкумина имаа заедничка дружба, а фотките на социјалните мрежи ги сподели згодната Струмичанка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.