(ФОТО) Марко Слаткар ја покажа маичката по настапот -најдобро отсликува како поминал настапот

  • By admin
  • август 8, 2022
  • 0
  • 237 Views

Без сомнение Марко Маринковиќ – Слаткар кој е познат под сценското име Слаткаристика со години важи за еден од најпознатите македонски рапери, продуценти, хип-хоп и поп пејачи.

Слаткар во својата кариера има поминато многу, од прифаќања и обожувања до ценз ури и не добар глас, но најубавата улога животот му ја додели во 2020 година кога стана татко на синот Мoша.

– Кога ти се раѓа дете сфаќаш, дека си стварно спремен да те нема само за него да му е добро. Тоа е чувство што не може да се спореди со ниту една друга љубов, изјави Марко во една прилика.

– Моша е старо, еврејско име и во фамилијата на мојата сопруга тој е осми Моша. Нас многу ни се допадна името, кај евреите се гледа по мајка, така што син ми има еврејско име и е евреин.

За Слаткар е познато дека правењето нови песни очигледно му оди од рака, па тој продолжува со домашните и интернационални дуети со повеќе или помалку познати изведувачи.

– Преку песните го истерувам бе сот, го искажувам своето мислење секогаш дури и да бидам единствен помеѓу луѓето со такво мислење.

– Сега спремам нешто ново со Тони Зен, јас не можам да бидам стариот, сега твориме во нов правец, јас не сум повеќе истиот човек.

– Јас сум македонски артист и сакам да останам и да бидам запаметен како таков. Во Бугарија сум познат зошто нашиот јазик нив им е разбирлив, полесно не разбираат од Србите.

– Во животот ништо не сум добил џабе, и некоја работа ако не можам да си ја дозволам дупло не ја ниту купувам, не си дозволувам луксуз ако немам пари, изјави тој за емисијата „Г-Карпет“.

Слаткар како и многумината македонски музичари е доста активен периодов со настапи, а така беше случај и викендов.

По настап во Охрид, Слаткар во хотелската соба се фотографираше и покажа како излгеда, а пред се сакаше да го долови моментот на мократа бела маичка што ја носеше:

-Маицава после настап“, напиша Слаткар и најдобро отсликува како си поминал на настапот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *