Данче: Секоја година ни доаѓаат по 5 до 10 роди од странство, ги шетаме, храниме, забавуваме – небаре ние сме парали

  • By klaster3
  • август 7, 2022
  • 0
  • 454 Views

Бидејќи сезоната на годишни одмори е во тек, повеќето граѓани летните денови ги користат за да ги поминат на одмор или на друга дестинација во поширокото или блиското семејство.

Искуствата на многумина велат дека повеќето роднини се собираат само за време на годишни одмори или празници, кога ја користат можноста да се посетат еден со друг затоа што и роднините од странство сега доаѓаат.

Сепак, една наша читателка реши да го сподели своето не пријатно искуство кое од година во година го повторува со нејзините роднини.

– Секоја година во текот на летото ни доаѓаат по пет или десет роднини на десетина дена одмор од странство. Ги храниме, шетаме и ги забавуваме, без воопшто да знаеме како изгледаат нивните куќи во странство, ни па тука не канат нагости и си мислат се е во ред.

Кога живееја уште тука се што можеа искористија – се школуваа, ле куваа, шетаа додека беа живи свекорот и свекрвата. Кога тие заминаа од овој свет, а ќерка ми остана сама со мене, одеднаш сите се изгубија. За не среќа и сопругот ми замина.

Си фатија крај се преселија, сега не ни помислуваат на нас. Воопшто не ми се допаѓаат вакви луѓе, не остана човек веќе со кој би можеле да живееме без некаква корист.

За овие што се кај нас сега ќерка ми убаво вели, тоа ти се мамо сезонски роднини, само кога имаат потреба се дружат со нас.

Сега ни дошле десетина души и во нашата куќа се населија, кај нив имало многу работа чистење, бришење прашина па дури сределе се ќе требало да си заминат.

Па и ние сме такви гостопримливи отсекогаш, и роднини и секакви намерници сме примале од време. Тоа ни е во срце – да се покажеме домаќини, иако скромно.

Наместо тие како роднини од странство да дојдат и нам да ни помогнат со нешто или да не прошетаат, тие чекаат од мене и ќерка ми да ги забавуваме и да ги храниме.

Ама ајде, на сопругот брат и снаа се, плус и постари па мора да ги угостувам. Но, ако ми продолжат така и следната година нема шанси веќе да ги издржам, па колку сакаат нека се лутат.

Небаре чиниш ние некои паралии сме тука. Дошле со авион немат возило, па ајде нашиов автомобил како службен да е. За бензин да стават некако тешко и текнува.

Доручек, ручек, вечера секогаш им правам, да не се посрамам иако многу пати некој од оброците го прескокнуваат бидејќи јадат надвор или кај некои роди.

Згора на се никако да им текне да кажат ајде дојдете, ве чекаме кај нас горе да видите како е. И да го кажат тоа го прават што се вели со пола уста, колку да се каже.

Автор: А.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *