Снеже Велков: Во глувчешка дупка се сокривам

  • By admin
  • април 9, 2021
  • 0
  • 1917 Views

Секогаш искрена во своите објави е нашата позната водителка Снеже Велков, која често на Инстаграм знае да сподели свое искуство како поука за нејзините следбеници.

Уште еден моќен и интересен статус на Инстаграм и симпатична фотографија сподели Снеже Велков:

Често се смејам. Понекогаш и не.И ме фаќа и мрза. И тешко ми е некои денови. Има и ноќи кога не спијам

Има денови кога немам идеја ни што со себе ни што за ручек. Имам денови кога ми се вришти и плаче.

Понекогаш ме боли и глава и стомак а понекогаш “ме боли и уво”. Има саати кога само би правела-Ништо.

Има денови кога сум му лута на целиот свет па и на себе. Има денови кога и сонцето и дождот и ветерот ми се криви.

Понекогаш исправам и “Криви Дрини”. Има денови кога сонцето со рака чинам ќе го допрам а има денови кога од под “трошки” собирам.

Има денови кога светот го освојувам и денови кога во глувчешка дупка се сокривам.Имам денови кога “зборот алтан ми вреди” а има денови кога не знам да бекнам.

Има денови кога карпа од шега поместувам а понекогаш на камче се сопнувам. Имам безвезни денови кој не знам ни зошто почнуваат а има денови кои никогаш не сакам да завршат.

Има денови кога сум скроз нетокму.Има и денови кога сум баш токму. Има денови и денови..и часови и секунди.

Но и еден миг како овој за да ти намигнам и да речам: -Ич да не му ја мислиш се’ од погоре е нормално. И за Мене и за Тебе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.