Саше: Кога Македонија ќе те исели од Македонија – сега ќе ви кажам и како дојде до тоа

  • By admin
  • април 9, 2021
  • 0
  • 7487 Views

До редакцијата на „Кластер.мк“ се почесто пристигнуваат дописи од Македонци во дијаспората кои решваат да си го кажат својот живот пат. Уште една такво сведоштво пристигна до нас, а во продолжение интегрално ќе ви го пренесам.

-Почитувани, моето име е Саше, дополнително не би сакал да го откривам својот идентитет во целост поради тоа што сите добро знаеме во каква држава живееме поради и што се спакував и си заминав.

Јас и мојата сопруга со двете дечиња кога станува збор за финаниски план имавме одличе живот, ама за се друго не би можел да пронајдам соодветни зборови за сите препреки.

Мојата сопруга беше раковидителка на една приватна компанија и имаше повеќе од солидна плата, а јас работев државна работа и за плата не можам да се пожалам за наши услови.

И материјално, со решено станбено прашање, со два автомобили, плус помош од моите родители. Значи за тоа ќе биде греота ако се пожалам.

Но пред 2 години ја напуштив Македонија и тоа од одлука до реализација беа потребни не повеќе од шест до седум месеци. Ги спакувавме куферите, колите ги ставивме во гаража, клуч на врата и авионот правец Хановер, Германија. Поточно едно помало место во близина на овој град.

Буквално, ама кога велам буквално, без никаква наша помош, исклучиво по пат на интернет пронајдовме смештај, закупивме стан. Потоа исто преку интернет најдовме оглас за работа, аплициравме, средивме документи за виза и станавме што се вели преку ноќ и ние дијаспора.

Е сега се прашувате што не натера и која беше причината да заминеме од родниот дом, од нашата татковина, а одговоро е Македонија. Да добро прочитавте, Македонија.

Едноставно во нашата мила саката држава слободно може да кажеме дека ретко што функционира како што треба. За нас, мене и сопругата ајде може некако ќе истеравме, ама нашите деца не сакавме да ги оставиме без иднина. Впрочем ние нешто и фативме од нашето детство во некое друго време, во друга држава, ама за жал тие немаа таква шанса, па си велеме зошто да и ја ускратиме.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Во Македонија закони и правила има само на хартија, но во пракса тоа тешко оди. Образование е сведено на ниско ниво, како од партиски кадар, така и од постојани промени на наставни програми, учебници, значи нашите деца се оставаат без квалитетна основа.

Здравство, мислам дека нема потреба да трошам зборови, зошто ако почнам ќе ми треба еден ден да изнапишам се. За термин се чека со месеци, денови, се бркаат врски за преку ред. Кадар се помалку и помалку, опрема недостига, како застанати во претходниот век.

Комунални служби ги има само на име, а на терен никако. Депонии на секој чекор никнуваат во урбани средини, се гради и надградува.

Додека јас, ние, вие плаќаме данок, плаќаме сметки и ка зни доколку добиеме, за некој граѓани тоа не важи па уживаат во придобивката да не подмират ништо, а постојано да бараат и да се жалат дека се обеспреавени и дека им треба.

Дојде такво време да ние Македонците сме малцинство во својата татковина. Принудени сме да затвораме куќи и среќата да си ја бараме далеку од своите родни места иако не сме планирале.

И да, читам многумина се фалат и им е убаво во Германија, точно така. Јас пак ќе кажам, во Германија земаме поголеми плати, но според овдешниот стандард, во Македонија на финансиски план се осеќавме послобно, ама за разлик од тоа па во Германија се ние поубаво и целиот живот во глобала.

Ако во Македонија на секој чекор децата и сите ние сме опкружени со објекти за игри на среќа, овде има паркови и зелени површини. Има кино, има театар, има културни збиднувања, спортски настани, места каде што може рационално и соодветно да се користи времето.

Обработил: А.С. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да се превзема без довзола од редакцијата на Кластер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *