(ВИДЕО) Додека голем број музичари се жалат, македонскиот пејач се пофали со нов автомобил – и тоа каков

  • By admin
  • април 9, 2021
  • 0
  • 27197 Views

Македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски и покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Спасен зад себе имаше навистина бурна година. Вирусот не ги одмина македонските музички ѕвезди, а некои од нив за жал и ја изгубија битката.

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Мора да се признае дека пејачо умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица.

За неа секогаш пишува емотивни пораки. Спасен и Ана пред седум години се ветија пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.

Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга. Но тој не крие дека таа понекогаш знае да биде и љубоморна, но во нормални граници, а во интервју за „Вечер.пресс“ отворено зборуваше и а тоа дека семејството за него го претставува клучниот фактор за успех.

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Неодамна Спасен Силјаноски гостувајќи на музичкото шоу “ИмаТ немаТ” пееше песна која ја има напишано неговата мајка за друг пејач. Имено Спасен цело време дури ја пееше песната плачеше.

Во медиумите и на социјалните мрежи секојдневно може да наидеме и да прочитаме на голем број музичари, како од нашата држава, така и од регионот кои се жалат на актуелната ситуација.

Но Спасен ги изненади вчера своите фанови со објавата на фејсбук на која што сподели видеа над кое напиша: Се подновив малку, повелете на частење.

На видеото може да се забележи како пејачот вози еднa Застава 750, односно популарното Фиќо, а притоа во видеото вели:

„Еве се подновив и јас за време на коронава. Добро е за тие пари, ќе се најди, ќе ве повозам после, ќе ве частам“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *