Секој што ќе аплицира за родителска виза во Австралија ќе мора да почека – познато за колку години се добива

  • By klaster3
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 364 Views

Според најновите податоци, до родителска виза во Австралија тешко може да се дојде. Тоа го потврдуваат примери на иселеници кои изминатиов период, но и сега, сакаат да ги повлечат родителите со нив во Австралија.

Двајца браќа отсекогаш планираледа живеат со родителите во Адалејн, па во октомври 2016 година кога родителите биле на возраст од 60 години аплицирале за родителски визи што би им овозоможило да се преселат во Австралија и да бидат поблсику до своите деца.

– Како дел од тој план аплициравме за трајно жителство и се надевавме дека тој процес ќе заврши за брзо. Во далечната 2013, 2014та ние започнавме со планот да ги донесеме родителите со нас овде и како дел од тој план аплициравме за родителски визи во 2016та октовмри.

Во тоа време мислевме дека ќе ни ги одобрат за неколку години, дека нема да е толку долго и на нивната страница пишуваше од 12 – 24 месеци и тоа беше во ред за нас.

Но, работите не се одвиле според планот ототогаш поминаа повеќе од 5 ипол години а браќата се уште чекаат да се обработат барањата за визи за нивните родители.

Во Мелбурн, Роја Саламати од Иран има слично искуство. Во 2017 година таа и нејзиниот брат аплциираа за родителски визи за нејзините постари родители, но тие апликации се уште не се обработени.

Една од апликациите била повлечена бидејќи таткото се заразил со вир усот и по чинал. Таа вели дека откако по чинал нејзиниот татко и бидејќи не и било дозволено да патува морала да разговара секојдневно со нејзината мајка на телефон.

Вели дека родителите не се сметале за најблиско семејство и затоа мајка и не можела да дојде во Австралија што предизивикало огромен притис ок врз неа и нејзиниот брат.

Тие не се единствените со вакво искуство. Од 30ти април повеќе од 23.000 аплкации за визи за родители не се обработени од министерството за внатрешни работи.

Маријана Џиордана од Мелбурн неодамна ја започна кампањата Исчистете ги заостанатите визи за родители. Таа проценува дека со сегашните нивоа за да се одобрат нови апликации за визи ќе бидат потребни околу 19 години.

Според одделот за внатрешни работи, визите за кои се плаќа од 33 до 48 илјади долари нема да се обработени за најмалку 65 месеци, вели таа.

Подолгиот период на обработка се случува поради одложувања со биометриското собирање, центрите за тестирање на англискиот јазик, центрите за поднесувањње апликации.

Податоците од кампањата и потврдени од Одделот за внатрешни работи покажуваат дека во изминатите 9 години многу поголем број барања за родителски визи се поднесуваат секоја година отколку што се обработуваат.

На пример, во 2020-21 година беа примени 14.000 апликациии од кои само 5.000 се прифатени. Австралија ја води најст рогата родителска миграциска политика од сите во споредба со слични земји како САД, Канада и Нов Зеланд, пренесува радио СБС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *