ФОТО: Перо Антиќ и Катарина Ивановска покажаа како уживаат на море далеку од Македонија

  • By klaster2
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 305 Views

Иако кошаркарската сезона во Македонија не е се уште готова, актуелен претседател на федерацијата Перо Антиќ кој често знае да е актуелен во домашната јавност реши да се одмори.

Антиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија, по долгата и исполнета интернационална кариера реши да се врати во нашатата држава.

Антиќ како што е познато беше избран за претседател на кошаркарската федерација на Македонија, функција која веќе извесен период ја извршува.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција и нови возбуди, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Со веќе поранешната сопруга Ружица како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Тој периодов е актуелен по гласините за врската со моделот Катарина Ивановска иако традиционално вешто успева да ги избегне љубопитните прашања поврзани со личниот живот.

Но, неодмана во отворено поставените прашања во шоуто на Јутјуберот Лазарво, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност.

На прашањето која според него е најзгодна од трите дами, Лила Филиповска, Маријана Стојановска или Катарина Ивановска, тој веднаш одговори дека Катарина е најзгодната.

Во продолжение Лазаров го праша како им започнала врската на што Перо даде краток одговор: „Романтично, како познати претходно се знаевеме, здраво, здраво“ изјави Антиќ и кажа дека за приватниот живот не сака да зборува.

Манекенката Катарина Ивановска исто така неодамна во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

По низата заеднички моменти меѓу кои и тениски турнир во Белград, овој пат двојката е на летување во турски Бодрум каде постираат фотографии.

Вчера двојката уживаше во луксузниот ресторант на светскиот број еден готвач ,,Нусрет”, а денес уживаа во прекрасна вечера во еден од локалите во Бодрум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *