Зоки Фаци: Македонските артисти немаат што да понудат

  • By klaster2
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 254 Views

Сведоци сме дека во Македонија претежно настапуваат изведувачи од соседните балкански држави, ги полнат клубовите и арените.

Тие се доста барани и ги ставаат во сенка македонските изведувачи кој остануваат со пократки ракави. Наливот на странско е се поголем.

Македонските изведувачи иако имаат кавлитет сепак се помалку ценети, а дел од нив го искажаа својот рев олт од актеулните случувања.

Еден од тие кој јавно искажаа незадоволство е и македонскиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов кој од неодамна објави:

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, објави тој.

На ова исто така се надоврза и Елена Ристеска која истакан дека не прифаќа настапи по секоја цена и благодарение на друг бизнис има доста избор.

Зоки Фаци пак додаде: Реалноста е таа, но сепак македонските артисти нема што да ни понудат. Направете една компарација со Србија и Македонија, компарација еднаква на нула ,,Со еден збор нашите се добри но нема што да понудат”

Лила Филиповска имаше пак едно поинакво мислење: Не можеме да им забраните на сопствениците на локалите да доведуваат странски имиња.

,, Доколку сака да плати и има да плати тоа е една работа. Друго нешто, нашите артисти треба да бидат почитувани повеќе и повеќе платени.

Свој став за ова даде и Ламбе Алабаковски кој вели: Сто посто го поддржувам Игор Џамбазов, тој е во право. Ако самите не се цениме кој ќе не цени. Од увозно имаме и шуто и рогато, вели Ламбе за ,,Бекстејџ”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *