Ресорните министри од семафор-коалицијата го направија нацртот за реформата на Законот за доселување на стручна работна си ла.
„Сакаме странските стручњаци полесно и побрзо да си го најдат патот до Германија“, пишуваат министерката за внатрешни работи Ненси Фезер и министерот за труд Хубертус Хајл во гостински прилог во весникот „Ханделсблат”.
Во текстот најавуваат дека ќе го отворат пазарот и за стручњаци кои имаат договор за работа, но сѐ уште не и призната диплома во Германија. Документацијата може да се надополни и подоцна, со помош на германскиот работодавец, предлагаат министрите.
Претседателот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Петер Адријан, го поздравува ваквиот план. Тој за „Ханделсблат“ укажува на итноста на таквата иницијатива:
„Во Германија во следните десет години мора да го компензираме демографски наметнатиот недостаток на четири до пет милиони работници.“
Сојузната влада планира реформа на Законот за доселување на стручна работна сила кој е на сила од 1 март 2020. Фезер и Хајл се жалат дека системот за доселување е сѐ уште „бавен, пребирократски, преодбивен”. Семафор-коалицијата презела иницијатива тоа да го смени.
За разлика од сега, се планира за влез во земјата да биде доволно да се поднесе доказ за завршено образование и работно искуство. Постапката за признавање на дипломите може потоа се води по доселувањето и паралелно со работењето.
Покрај тоа, во иднина од млади дипломци нема да се очекува да заработуваат подеднакво колку и лицата со искуство, за да може да влезат во земјата со „сина карта“.
„Ги намалуваме границите за приходи. И со тоа овозможуваме млади добро едуцирани лица полесно да фатат чекор во професијата“, објаснуваат Фезер и Хајл.
Се планира за влез во земјата да биде доволно да се поднесе доказ за завршено образование и работно искуство, а постапката за признавање на дипломите да се води по доселувањето и паралелно со работењето.
Ахим Деркс, заменик шеф на ДИХК, нагласува дека „недостигот на стручњаци, според актуелните анкети, е вториот најголем риз ик за бизнисот. Повеќе од секоја втора компанија е засегната од тоа.”, пренесува Дојче веле на македонски јазик.