Весна Бејби остана затечена од неколку зборови – не можеше да ги воздржи солзите

  • By klaster3
  • јули 29, 2022
  • 0
  • 347 Views

Весна Петрушевска која е позната и под нејзиниот прекар „Бејби“ е македонска ток-шоу водителка и глумица која е најпозната по нејзиното ток-шоу „Вртелешка“ кое достигна голема популарност и се емитувало повеќе години на македонска телевизија.

Петрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.

Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.

Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје.

Таа исто така глумеше во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имаше својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен Театар.

Она што е новина од пред извесно време е дека актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов продолжуваат со снимањето на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21.

Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуваат и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, но и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.

Продуцент на проектот е Виолета Дамевска Ѓоргиева која истовремено и е многу блиска пријателка на Весна. Тие две имаат пријателство долго повеќе од две децении, а Виолета имаше што да каже за нејзината пријателка.

За време на гостувањето на Весна во емисијата „Шоу Магазин“ се вклучи нејзината пријателка која кажа каква е Весна приватно но и професионално како карактер.

За Весна вели дека ее голем работник кој работи на многу проекти, еден од нив е „Дајте музика“, дека е голем професионалец и знае како да ги мотивира децата кои ја сметаат за втора мајка. По дома Весна е голема домаќинка и знае да готви многу рецепти.

„Освен што знае да готви, знае да ја намести масата да посакаш да седнеш и да не станеш цела вечер. За сите празници не собира кај нејзе да го прославиме празникот дали е Велигден, Божиќ, сака да слави родендени да се дружи со луѓе, вели Виолета, а сите овие зборови ја по годија Весна што не можеше да си ги воздржи солзите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *