(ФОТО) Министерот Љупчо Николовски ја покажа својата мајка – си личи ептен на нејзе

  • By klaster3
  • јули 29, 2022
  • 0
  • 363 Views

Важи за еден од најистакнатите министри во актуелната влада на Македонија предводена од СДСМ – тоа е Љупчо Николовски првиот човек на Министерстово за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е веќе познато Николовски се најде во новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски и продолжи онаму каде што застана.

Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.

Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

Љупчо Николовски членува во неколку асоцијации како што се: Здружението на правници на РМ, Македонското здружение на млади правници и во Адвокатската комора на Македонија.

Љупчо често знае да помине период во природа, како поради работните обврски така и со својата сопруга знаат да прошетаат во природа.

Како и за секој политичар и јавна личност, така и за Љупчо јавноста секогаш сака да дознае нешто плус за неговиот приватен живот.

Ретко некој од политичарите сака да го експонира своето потесно или пошироко семејство во јавност, освен во исклучителни професионални прилики, но овојпат министерот Љупчо реши да посвети објава на негова блиска личност.

Имено, министерот Николовски на Фејсбук профилот сподели фотографија со единствената личност за него – неговата сакана мајка за која напиша: „Една е мајка“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *