Еден од нашите најдобри пливачи, Александар Маленко по се изгледа ќе го прогласиме и за човек со најмногу бракови позади себе.
Неговата избраничка е исто така поренешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија.Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двацата на социјалните мрежи.
Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца.
Инаку ова е петти брак на Александар Маленко. Последно беше женет за охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.
Обајцата среќната вест ја обзнанија преку фотографии на социјалните мрежи, а невестата веднаш дури и го додал презимето на малдоженецот кон своето.
На некои од фотографиите „младите“ се фотографирани непосредно пред и по венчавката, која била едноставна, без многу сватови и медиумска помпа.
Дека „пливањето“ во брачните води на Маленко му е „послаба страна“, а менувањето брачни сопатнички „ахилова петица“ се виде уште при првиот брак со пејачката и ТВ водителка Сузана Турунџиева. Со неа ја има ќерката Лора која во 2019 година му го донесе внучето Јаков.
По првата брачна авантура со Турунџиева од која едно време Маленко го презема и презимето, следуваше втората, со исто така позната личност, која подоцна на пливачот му стана сопруга број 2 – актерката Јелена Жугиќ.
Во тој брак Маленко и јелена го добија синот Ахил, но и брачната „реприза“ на пливачот не потрја долго, па тој тргна по „трета брачна среќа“. И тѕоа во првиот свој интернационален брак со шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорова.
Но, и руската бајка со руската „дјевушка – блондинка“ за Маленко не потраја долго иако и од неа остана уште едно дете од неговото бројно потомство, одново син.
Претпоследна во „брачната низа“ на Маленко и неговото пливање низ „немирните брачни води“ беше одново една Македонка. Враќање дома, во родното место, македонскиот бисер – Охрид, за уште еден, четврти по ред „брачен бисер“ на шампионот во базенот и бракот!
Охриѓанката Фанче, ќерка на сопственикоот на еден угледен охридски хотел стана тогаш негова нова сопруга, но се покажа не и последна. Со неа Маленко исто така има „брачно наследство“ од две машки дечиња.
И конечно, оваа негова најнова, одново интернационална „брачна авантура“ со Словенката, Метка, за „брачна петка“… Засега само како бројка со која му се бројат браковите… и децата од нив!
По оваа вест се огласи и шоуменот Игор Џамбазов кој на свој духовит начин напиша:
– Александар Маленко се оженил по 5ти пат. А овие парното ендаш не го пуштија ко шо треба. Ој животе, ладе радиаторе.