(ФОТО) Еден од најпознатите српски политичари во друштво на Тамара Тодевска

  • By admin
  • октомври 14, 2021
  • 0
  • 2022 Views

За Тамара Тодевска не е потребно да се трожат премногу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.

Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.

Тодевска е една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.

Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат..

Во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана.

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска речиси секојдневно ги информира своите следбеници на социјалните мрежи за своите активности.

Во последен период Тамара е „фрлена“ на вежбање и секогаш кога има слободно време го користи да го помине во теретана.

Така беше и овојпат, меѓутоа познатата пејачка во теретаната каде вежба се сретна со еден од најпознатите српски политичари. Таа сподели „стори“ објава на која прави селфи-фотографија со политичарот Чеда Јовановиќ.

Нивната средба е во позната теретана во нашиот главен град, а која е причината зошто Чеда е во Скопје, засега е непознат

Чедомир Јовановиќ кој е лидерот на српската партија ЛДП е еден од најпознатите политичари на Балканот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *