Екс ракометарката Јулија го завршила животот на пат од Грција кон Македонија: Познато што се случило

  • By admin
  • октомври 12, 2021
  • 0
  • 10951 Views

Ракометната јавност и сите вљубеници во овој спорт денеска ги дочека вест во која никој не сака да поверува во информацијата дека повеќе помеѓу живите ја нема поранешната репрезентативка и ракометарка на Ѓорче Петров и Вардар, Јулија Николиќ (Портјанко).

Денеска сите нејзини колешки, соиграчки, пријателки… се простуваат за последен пат на социјалните мрежи.

Некогашната репрезентативка ненадејно се пресели на другиот свет на 38 години и ги обви во та га сите љубители на спортот и оние кои ја познаваа.

Николиќ остави голема трага во македонскиот ракомет, а последен пат го носеше дресот на ЖРК Вардар пред неколку години, кога замина во пензија.

Токму затоа, РК Вардар ќе ѝ оддаде последна почит пред натпреварот во Лигата на шампионите.

„Секој што го носел дресот на Вардар е дел од нашето големо „цревно-црно“ семејство. И кога губиш дел од семејството, губиш дел од себе, и тагуваш. Но, засекогаш останува во нашите сеќавања и срца.

Утре пред почетокот на средбата од ЕХФ Лигата на шампионите ќе и оддадеме почит на нашата Јулија Николиќ (Портјанко). Поч ивај во мир!“, објавија од РК Вардар.

Дуелот меѓу Вардар и Монпелје во ракометната елита се игра утре (среда) од 20:45 часот.

Фокус.мк вечерва носи вест во која појаснува што се случило. Имено Јулија заедно со сопругот и со уште еден пар заминале во соседна Грција за продолжениот викенд.

Во близина на Велес и се слош ило и запреле со автомобилот.

-Запреле кај бензинска станица и таа паднала во бесознание. Другарка и и пружила прва помош, се свестила за кратко, ја вратиле, но потоа повторно се изгубила.

Сите обиди им биле безуспешни, не можеле ништо да сторат. Кога дошла брзата помош констатирале срцев уд ар.

Беше многу бор бена, многу силна жена, единка на нејзините родители– раскажа нејзина соиграчка од времето кога беа активни во ракометот и нижеа успеси за Фокус.мк

Инаку, Јулија по потекло беше од Украина, а во Македонија дојде во 2003 година. Таа доби македонско државјанство, и играше за репрезентацијата на Светското женско ракометно првенство во 2009 година.

Во 2015 година стави крај на ракометната кариера, и изјави дека сака да го прошири семејството, па поради тоа заминува среќна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *