И ситуацијата во Германија не е воопшто добра: Вакво нешто не се памети од мај

  • By admin
  • август 18, 2021
  • 0
  • 6759 Views

Како што е познато деновиве забрзано расте бројот на нови случаи со вирусот во Македонија, но тоа не е случај само во нашата држава.

Во поголем број од нашите соседни држави, но и во европа деновиве скока бројката на нови случаи.

Во Германија, бројот на новозаразените со коронавирусот за еден ден драстично се зголеми на повеќе од 8.000, што последен пат беше регистрирано во таа земја на 21 мај.

Здравствените институции пријавиле 8.324 нови инфекции во институтот Роберт Кох (РКИ) во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Бројот на нови случаи на ковид пријавени за 24 часа се зголеми за повеќе од 4.400 случаи наспроти бројката од 3.912 од вторникот, што укажува дека четвртиот бран добива засилен зам ав.

Во последните 24 часа, поч инаа 22 лица, што исто така е зголемување, имајќи предвид дека пред една недела имаше 14 смртни случаи заразени со коронавирусот.

Статистичкиот експерт и известувач на Велт, Олаф Герсеман, истакна на Твитер дека ова е трета недела по ред во која се зголемува бројот на см ртните случаи од ковид. Сепак, бавното вакцинирање се чини дека има влијание врз хоспитализациите и см ртните случаи.

До денеска 63,5 проценти од населението примиле барем една доза вакцина, додека 57,8 проценти од населението се целосно вакцинирани.

Кога сме кај Германија да кажеме дека во оваа држава живеат и работат голем број Македонци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.