Две држави во кои има наши иселеници забранија влез за патници од Македонија

  • By admin
  • август 17, 2021
  • 0
  • 1560 Views

Поради скокот на нови случаи со вирусот во нашата држава беа донесени низа мерки од Владата кои некои веќе започнаа, а други пак ќе бидат од почетокот на идниот месец.

Но поради високиот број, веќе некои држави започнаа да го менуваат статусот на патниците кои што доаѓаат од Македонија.

Пред некој ден властите на Република Кипар го сменија статусот на 13 земји во однос на епидемиолошката состојба.

Според овој документ, кој започнува во четвртокот, осум држави – Австрија, Бугарија, Словенија, Норвешка, Лихтенштајн, Летонија, Македонија и Канада – се пренесуваат од зелената зона, од каде на патниците не им требаат медицински документи за да пристигнат во Кипар, до портокалова зона, поради која може да дојдат на островот со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред полетување на летот.

Патниците од Македонија, Косово и Украина кои досега можеа да влезат во Норвешка „поради спец ифични цели на влез“, меѓу кои и посета на момче или девојка во земјата, повеќе нема да можат да го сторат тоа, објавија норвешките власти.

Одлуката која што норвешките ја донесоа на 13 август, стапуи веќе од пред два дена откако на денот кога е донесена било утврдено дека Македонија со два милиони жители има 639 нови случаи на ковид-19.

Косово со 1,8 милиони жители имаше 1.009 случаи, а Украина каде што живеат 44 милиони имала 1.263 нови случаи на ковид-19, објави Шенген виза инфо.

Поради зголемување на бројот на новозаразени и Финска одлучи од денеска повторно да воведе забрана за влез на патници од Косово и од Македонија.

Норвешката Влада воведе дополнителни рестрикции за влез на граѓани и од неколку ЕУ земји, вклучувајќи ги Бугарија, Лихтенштајн, Словенија и Австрија, а патниците кои доаѓаат од овие земји ќе мора да бидат во карантин по пристигнувањето, откако овие четири држави од зелена се префрлени во портокалова категорија.

Како што е познато во овие две држави, Норвешка и Финска се повеќе се зголемува број на наши исленици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *