Ќе има и четврта доза на вакцина против вирусот – веќе една држава тоа го најави

  • By admin
  • август 18, 2021
  • 0
  • 1128 Views

Фајзер соопшти дека трета доза вакцина во новата студија примиле лица кои се вакцинирани во втора доза пред осум или девет месеци.

Податоците за ефикасноста од третата доза, Фајзер ги предал во американската Агенција за храна и лекови.

Од Фајзер тврдат дека нивната трета доза вакцина е како дополнителен засилувач на имунитетот, ефикасна против многу заразната делта мутација на Ковид-19, покажуваат првите податоците од истражувањето кое е во тек.

Фајзер и БиоНтек сметаат дека првичните податоци се многу ветувачки.

-Податоците кои досега ги видовме сугерират дека третата доза од нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела кои значајно го надминуваат бројот на антитела кој се јавува по примени две дози, вели шефот на Фајзер, Алберт Боурл.

И додека многумина зборуваат за трета доза, има држави и вакцини кои ќе се примаат и во четврта доза.

Турција ќе започне да им дава четврта доза од вакцината против Ковид-19 на оние кои примиле две дози од кинеската вакцина „синовак“ за да ги исполнат европските стандарди кои не го признаваат кинескиот лек.

Минатиот јули, турските властите почнаа да им даваат трета доза од вакцината на здравствените работници и луѓето постари од 50 години бидејќи студиите покажаа дека антителата поттикнати од вакцинацијата со „синовак“ опаѓаат по околу шест месеци.

Турција досега вакцинираше над 6,81 милиони луѓе со т.н. бустер-вакцина.

Во Турција, луѓето кои се заразиле со Ковид-19 ќе имаат право на вакцинација еден месец по закрепнувањето, за разлика од претходно, која тој период изнесуваше три месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *