Заминал на сезонска работа во Хрватска без да знае што го очекува: Работел 12 часа, а останал без плата – засегнати и македонски работници

  • By klaster3
  • август 26, 2022
  • 0
  • 548 Views

Летото е период кога голем дел од Македонците заминуваат во странство за да работата сезонска работа. Освен стандардната Германија, како прв избор годинава во угостителството стана Хрватска.

Сезонски работник реши да сподели едно од своите не пријатни искуства. Имено, пред да замине во Медулин, каде што работел како келнер, ги договорил условите со сопственикот на локалот, па не можел да се посом нева дека по пристигнувањето сите договори ќе паднат во вода.

„На почетокот на мај пристигнав во Медулин. Се вработив како келнер и според телефонскиот разговор, каде што се договорив за работата, се требаше да биде во најдобар ред: платен стан, работно време од 9 часа дневно, еден ден во неделата слободен, пријавување, плата 1000 евра на сметка, бакшиш.

Во тој прв разговор газдата изгледаше како фер работодавец, со големо искуство во туризмот и разбирање за работниците“, вели овој млад човек.

„Бев сместен во стан со уште тројца работници од Македонија. Една соба во која се готви и спие, како и импровизирана бања без врата.

Иако не се познававме, брзо најдовме заеднички јазик. Но, станот беше валкан, машината за перење и тушот беа неисправни, а во кујната имавме само чајник без ниту една чаша, прибор за јадење или тенџере“, посочува тој.

Но, за да биде уште полошо, сопственикот ги пречекал со одговор „премногу бараме, да пиеме кафе и да јадеме негде надвор, а да се тушираме на плажа“.

На крај, се испоставило дека сезонските работници требало да работар 12-часовни смени, без слободен ден, а бакшишите што им припаѓале ги земал газдата.

„Договорот за вработување го добив дури после еден месец, на кој пишуваше минимална сума. Му кажав на газдата дека не се договоривме за тоа, а неговиот одговор беше дека неговите трошоци се превисоки и дека ќе ја добијам разликата меѓу минималната плата и договорените 1.000 евра“, вели тој.

И токму кога помислиле дека голг отата е завршена, сопственикот решил сред сезона да воведе нови правила. Тој се обидел да го избегне за конот по секоја цена, па им наредил на своите работници да не наплаќаат со картички и да издаваат сметки без итна потреба.

„Прво, ПОС машината (за плаќање со картички) се крие и се користи само доколку гостинот не може да плати во готово. Не мора ни да напоменам колкава не пријатност тоа предизвика, бидејќи насекаде низ локалот имаше знаци дека се прифаќаат плаќања со картички.

Второ, сметки се издаваат само ако некој навистина инсистира, а целиот промет се предаваше неколку пати на ден на роднината на сопственикот, кој се претставуваше како обезбедување, а всушност неговата работа е да ги контролира работниците.

Како што гостите ја очекуваа сметката, така ја издававме ние работниците. Поради ова газдата се зак ани дека ќе ни ја одбие платата бидејќи не работиме по негови правила“, вели работникот и додава:

„Дневните гужви носеа голем промет. Околу 15-25.000 ку (130-250 евра) се собираат во нашите паричници дневно“. Како што вели, неговиот македонски колега ниту еден месец откако ја добил работата не видел ниту работна дозвола, ниту договор.

„Тој земал само половина од својата плата. Си ги собра работите и си замина истиот ден. После тоа, ние останатите моравме да ги надополниме неговите часови, па немавме ниту 5 минути пауза во смената“.

Излегува дека проблемите со кои наишол се вообичаени во овој град, поткрепени со приказните на работниците од други места кои имале слично, или можеби уште полошо искуство.

„Секогаш кога доаѓаше царинска, финансиска или трудова инспекција, мојот шеф, исто како и сите други газди на шеталиштето, знаеше неколку часа пред тоа кој и кога доаѓа.

За среќа, нашол работа на 100 километри од Медулин. Како што наведува, се обратил до сите надлежни институции и се надева дека ќе бидат преземени соодветни мерки.

„Кога дадов отказ, газдата ми даде само дел од платата, за да ме каз ни, бидејќи „кој сум јас да си заминам на сред сезона“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.