Лазар Бараков: Фала Богу народот ме сака, ако некои други од повисоките кругови не ме сакаат

  • By klaster3
  • август 26, 2022
  • 0
  • 382 Views

Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.

Помеѓу низата актери кои оставија трага кај македонската јавност секако е Лазар Бараков кој своевремено беше и еден од најомилените ликови.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград.

Бараков беше гостин во емисијата Шоу Магазин каде што откри со што се занимава перидов, се присети и на старите денови кога одел на печалба, но и на идните планови за кариерата.

– Работата, тоа ме држи во живот – да бидам жив, здрав, активен, колку и да се биде во години работата го одржува човек да не мисли на бо лести и на некакви опст рукции во животот.

Не мислам на старост. Се осеќам се уште како што сум бил на 20 години кога сум шетал по цела Европа. Некаде пеш, некаде автостоп каде што сум бил долги години како печалбар.

Се случувало со години, со месеци да се немав јавувано кај стариот на село, по 5 6 месеци не сум пишувал писма или ќе напишам едно долго писмо и после ќе бидам слободен неколку месеци, вели Бараков.

Бараков во една прилика рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра, и се уште се држи до неговиот став.

– Фала Богу народот ме сака, ако некои други од повисоките кругови не ме сакаат – народот ме сака, за тоа сум им благодарен, тоа ми е сатисфакција за животот, објаснува Лазар.

Познато е дека Бараков имал најразлични улоги – од питач, до цар, до ѓа вол и многу други. Според него една од највпечатливите му е улогата во приказната за Малиста поликала, па раскажа како се случило да биде дел од неа.

– Вечерта ми јавуваат дека утре имам снимање да се појавам горе на Пантелејмон каде што ни беа снимени повеќето приказни и ми викаат утре ќе видиш што ќе снимаш. Одам на снимање и викам што ќе снимам –  тоа што си тоа ќе снимаш, ми викаат, додава Лазар Бараков.

Панд емијата и на Бараков му ги урни са плановите, па сите ангажмани што ги имал надвор од земјата пропа днале, но се надева дека во периодов што следи ќе има нови можности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.