Игор Џамбазов: Таа во овој момент држи предавање на универзитет, јас држам мачка и зјапам

  • By klaster3
  • август 26, 2022
  • 0
  • 274 Views

Игор Џамбазов е добро познато име на македонската јавноста. Човек со многу професии, пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

На промоцијата на неговото дело “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, беше објавено дека Игор е добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.

Џамбазов честопати јавно го искажува своето незадоволство поради третманот на македонскитее естрадни уметници, па во една прилика им упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, напиша тој.

Веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Инаку, Илина Арсова е добро познато име во нашата држава, жена со повеќе професии и таленти, меѓу кои ликовна уметница, скијачка, алпинистка и планинарка.Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.).

Често патува надвор од Македонија, а сите моменти ги споделува на социјалните мрежи, па така неодамна во слободното време реши да им остави простор на фановите да и поставуваат прашања.

Едно од прашањата е на англиски јазик и гласи: „Дали ќе се омажиш за Игор ако те запроси?“, на што Илина одговори: „Хмм.. Дали ќе смени нешто тоа? Кој би сакал да троши на свадби денеска? Наместо на патувања“

Илина моментално е во Америка работно и држи предавања, па Игор како и честопати си најде причина за да напише забавен статус:

„Таа во овој момент држи предавање на Тенеси Јуниверзити. Јас во овој момент држам мачка во рацете и зјапам во телевизорот. Кој за што учел. Професорке Илина Арсова ќе може ли консултации после часови?“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *