Имаме балансиран систем на рест рикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност. Сметам дека следниот период до почеток на следната недела имаме простор да ги евалуираме резултатите од сегашниот полициски час, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот, во гостувањето на емисијата 24 Анализа, рече дека сепак не ја исклучуваат можноста за карантин и дека тоа веќе го најавиле пред два дена.
-Сметаме дека младите луѓе, и тоа го гледаме од епидемиолошките слики, кои што продолжуваат со комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти се еден голем трансмитер на вирусот, изјави Филипче.
Матичниот лекар Ненад Лазаров во интервју за ТВ Алфа смета дека мора да има нови мерки и даде неповолни прогнози ако истите не се донесат.
“Во април не очекува уште поголем наплив и доколку веднаш не преземеме драстични мерки ние треба да очекуваме можеби и уште наредна недела 1500 – 1600 нови случаи на ден.
И таа бројка се очекува да расте и понатака..и од тука произлегува дека и бројот на хоспитализирани ќе расте. Огромен е и напливот на пацинети со лесни или евентуално средно-тешки симптоми ние на примарно ниво се трудиме да ги менаџираме.
Навистина ова е неиздрживо како физички така и психички.” – вели д-р Ненад Лазаров.
“Луѓе поминуваат и по неколку денови по ковид центрите, сами си бараат кревети оти никаде нема кревет слободен.А излегуваат на пресови надлежните и кажуваат бројки што се нереални каде се тие кревети? Имаме секојдневно случаи каде што имаме потреба од хоспитализација а пацинетите чекаат.” – изјави Лазаров.
“Ние од самиот старт на панд емијата касниме со мерките. Тие се веќе застарени во моментот кога ги донесуваат зошто го тврдам тоа – затоа што образложенијата се дека се чекаат бројките, тоа не превенција кога чекаш да видиш дали имаш зголемување.
Полицискиот час е нонсенс од повеќе причини, главната е што никој не го чувствува тој полициски час. Треба поагр есивни мерки.” – кажа докторот.