Филипче конечно ќе се вакцинира: Венко откри која вакцина ќе ја прими

  • By admin
  • март 19, 2021
  • 0
  • 1722 Views

На крајот на март и на 15 април се очекува да пристигнат кинеските вакцини и вакцините АстраЗенека за имунизација на населението.

„Дозите вакцини од Ковакс механизмот треба да пристигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади. Ова ќе биде количина од вакцина на АстраЗенека. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март.

Ова го кажуваме со резерва и од таму не се сигурни и најавуваат дека постои можност за мало доцнење“, рече Филипче за емисијата „24 анализа“.

Очекувањата се дека во земјата треба да пристигнат 100 илјади вакцини преку Ковакс-системот со што ќе започне масовната имунизацијата на населението, која што доцни во однос на другите земји во регионот и во Европа. Досега е започната само вакцинацијата на здравствените работници, коишто се во првите редови.

За ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања.

Во врска со антителата, министерот рече дека сме во ситуација каде бројни испитувања точно да се утврди како и на кој начин ќе се вакцинираат луѓето кои прележале ковид, дали со една доза.

Министерот за здравство Венко Филипче рече денеска дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека, таа за која имаше најмногу сомнежи околу компликациите кои евентуално ги предизвикува по апликацијата.

„Да дефинитивно, рече денеска Филипче на прашањето дали би се вакцинирал прв со таа вакцина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *