Несомнено името на Гоце Тодоровски е длабоко врежано во нашите срца, човек со кој израснавме и израснаа многу генерации.
Плејада на актери кои оставија многу а творат и уште, познат по богатството што го створија со екипата од Македонски народни приказни, филмовите како и на театарското платно.
Овој пат 70- годишниот Кичевчанец отворено зборуваше пред камерите на ,,Сител телевизија” за животот, творењето а отрки и што неможе да прежали во животот.
Дипломиран актер а несуден инженер, школуван од животот и неговиот талент високо ќе го вивне и ќе заплови во актерските води благодарение на по којниот Ванчо Петрушевски.
– Снимивме доста филмови и да не претерам над 600 приказни, улогите во ,,Среќна Нова” Солунски патрдии,, Хихирику и уште многу.
– Татко ми беше во ено лице, сестра ми пак заврши средно економско, брат ми архитектура средно а јас требаше да завршам Ниска градба и јас запишав Градежно сакаше татко ми да се оспособам на некоја струка.
– Заедно заврши и со мене Иван Ванчо Петрушевски, мојот брат, кум, човек со кој бевме неразделни цел живот, вели со тешко срце Гоце.
– Ванчо ме наговори да се запишам на актерство и паралелно два факлутета. Јас три години дома не кажував дека студирам и глума зошто татко ми ќе ме кар аше.
– Кога завршив трета година случајно дознаа мојте дека студирам и актерство. Ни дојдоа гости и татко ми сакаше да се пофали и рече синко дај ми го индексот.
– А јас реков кој индекс бидејќи имам два и во тој момент на татко ми му се крена косата, ми беше неугодно, се сеќава Тодоровски.
– Можам да кажам дека Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо и јас бевме кос турот и основоположници на брендот ,,Македонски народни приказни”
– Јас честопати се шегувам и велам дека на сцена имам минато повеќе одколку еден од најпознатите холивудски актери Џон Вејн кој има снимено околу 30 филмови.
– Ванчо и јас бевме тандем незаменлив, кога снимавме заедно особено во театар комедија знавме добро што ќе се случува.
– Си помогавме еден со друг, со неговото заминување доживеав голема жал и нема ден да не го споменам него, вели во со тешко срце Гоце.