Денис од Скопје живее колку за корка леб и бара работа: Да имам барем за децата Марија и Рамада

  • By admin
  • јануари 8, 2022
  • 0
  • 426 Views

Педесетгодишниот Денис, кој е татко на две дечиња раскажува за тоа како се случило првично да остане без покрив над глава.

Овој човек кој се води како бездомник вели се срами да ни покаже каде со децата ја минуваат ноќта, па затоа, се сретнавме кај дрвените градски клупи каде најчесто ги минуваат деновите, во паркот „Жена бо рец“.

Денис ни раскажа за искуш енијата- како мал ја загубил мајка си, татко му бил акохоличар, па продал сè за чашка две повеќе.

„Таткоми додека беше жив продаде се, сакаше да пивне, се пиј анчеше“ сведочи Денис во изјава за Канал 5 ТВ.

Потоа израснал по домови за деца без родители. Сепак, во периодот помеѓу тогаш и сега, вели, малку му тргнало во животот, па се заљубил и ги добил Марија и Рамадан.

Но, само од љубов не се живее, па заедно со сопругата успеале да направат соба која е дивоградба во населбата Шуто Оризари.

Вели, среќата го напуштила пред повеќе од една година кога останал без сопругата.

Но, поради таа соба што успеале да ја направат заедно и со помош на хумани граѓани, неговите дечињата, осумгодишната Марија и дванаесетгодишниот Рамадан сега не спијат под ведро небо.

„Собрав си направив една собичка колку со децата да преживеам, колку што знам и умеам. И сакам да си остама со моите две деца, да се вработам. Дома имаме шпоре, но немаме дрва, исто како да го немаме. Ќе се умотаме со алишта, ќебиња, што имаме и ќе се стоплиме со децата“, вели Денис.

Денис и овие две дечиња, се бањаат и земаат понова и чиста облека во пунктовите на Црвениот крст. Добивам социјална помош, искрено раскажува Денис, ама не стигнува за ништо, па бидејќи сака да работи за да може да купи храна и облека за Марија и Рамадан.

Во меѓувреме, со количка ги пренесува намирниците на тезгаџиите на Зелено пазарче, ако го викнат. Желбата му е да работи постојано, ако може, во комуналец.

Премногу имам желба да работам во комунално, пошто тоа ми е првата струка, пошто без школо што би раболте“ кажа Денис.

Сè ќе направам само за децата, со искрен поглед раскажува Денис, додека малата Марија која оди на училиште и е трето одделение му вели дека сака да има телефон.

Рамадан пак посакува лап-топ, ама и една фудбалска топка. -Сакам да играм фудбал, сакам и да учам математика, македонски.

Денис верува во Бога, ги празнува и христијанските и муслиманските празници, бидејќи неговата сопруга била православна, па сака неговите деца да ги познаваат и слават традициите од двете вери.

Божиќните се денови за семејството, мир и слава, ама и хуманост, бидејќи не секој има топол дом и богата трпеза. Овие дечиња заедно со татко им деновите ги минуваат на отворено и пешачат со часови низ скопските улици за да им биде потопло.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Канал 5 Тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *