Се чини дека вирусот полека повторно се смирува на територијата на нашата држава што го покажуваат последните бројки.
Како за пример, вчера Венко Филипче инофмираше дека во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид 19 во:-Скопје 64 -Битола 9 -Куманово 7 -Охрид 5 -Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица по 4 -Тетово 3 -Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово по 2 -Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица по 1.
Сепак бројот на пријавени на по чинати се уште е висок, па так вчера беа вкупно 17 лица: 3 од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г).
Матичниот лекар Ненад Лазаров доцна синоќа на својот профил на фејсбук сподели уште еден статус во кој што тој вели:
Мислам дека е крајно време да се стави крај на дискри минација по возраст во македонското здравство и веднаш да се реактивираат сите наши сениори лекари особено професори, доценти и тн.
Очајно ни е потребно нивното искуство и едукација која можат да ја пружат, а добар дел од нив и понатака се во полна кондиција активно да пружаат услуги на пациенти, кој колку го служи здравјето и вољата.
Дома ни седат гиганти медицински професионалци, заради некој глуп закон кој лимитира по возраст и присилува на пензија лекари, а токму во тие возрасти умот е најпродуктивен.
Ка тастрофална штета низ годините, непроценлива загуба!