Марије од Тетово: Секој ден се борам за корка леб, ако некој ме викне да чистам ќе има некој денар

  • By admin
  • мај 13, 2021
  • 0
  • 2452 Views

Празникот Бајрам пристигна за сите. Тропна и на вратата на тричленото семејство Незири во Тетово кое и покрај сиромаштијата, успеа да го одбележи овој голем ден благодарение на помошта од хуманите луѓе.

За соседите се вели дека се најважни – и во деновите на радост, но и тага, бидејќи семејството се чувствува заборавено од институциите.

„Луѓето и соседите ми помагаат, така господине, едвај поминувам. Многу тешко“, вели Марије Незири, Домаќинка.

Новинарот на Алсат М ТВ ја прашува: И овој бајрамски ден, како и другите денови, помина тешко?

„Овој пат ми донесоа помош, благодарам. Бог да ги благослови сите, но тоа е. Многу е тешко, многу“, додава Марије.

Домаќинката секој ден се бори за корка леб. Нејзините деца се уште мали, па единствениот денар во куќата влегува ако некој ја повика за да чисти.

„Не, не работиме, синот е на училиште, девојчето е без работа, јас сум без работа затоа што имам срцева болест. Сопругот поч ина…

Ни ја стопираа социјалната помош веќе пет месеци. Велат дека сме земале некои пари, а всушност не сме добиле пари, не знам, ни ја стопираа“, додава Марије Незири.

Марије вели дека не зема ниту пензија за по чинатиот сопруг. Таа апелира до институциите за помош, барајќи некоја работа за да ги врзе месеците и за следниот Бајрам да имаат подобри услови.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат М ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *