Панчо ДНК: Ваков ден во животот посакувам да си дочека секој наш Македонски изведувач

  • By admin
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 1127 Views

Ако некој бенд со години успешно опстојува на македонската музичка сцена, тоа тогаш е ДНК.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други.

Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти.

Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата.

Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени.

Андреј вчера на својот профил на фејсбукс подели пост со кој се наврати на едно убаво време и притоа напиша емотивно:

Она што го направивте за нас оваа вечер на овој ист ден по повод нашиот 15ти роденден во Метрополис Арената, е нешто што ќе го носиме во нас до крајот на животот и за тоа сме ви неизмерно благодарни на сите вас над 7000 луѓе кои дојдовте на нашиот концерт!

Да бидеме здрави и живи па наредната година се гледаме во уште поголем број во арената Борис Трајковски и заедно да го прославиме нашиот 20ти роденден! Ваши Панчо и Андреј.

Истата фотка ја сподели н Панчо, а тој на својот профил на фејсбук напиша:

Ваков ден во животот посакувам да си дочека секој наш Македонски изведувач и колега кој се занимава со музика.

Полна сала, полни срца, безброј насмевки, иљадници насмеани и распеани лица и спомени кои ти даваат кислород и сонце кога проаѓаш низ “облачен” период од животот.

Здравје Боже, наредната година се гледаме во Борис Трајковски за да ја прославиме и заокружиме 20ката на DNK Нормално уште побројни и погласни. Фала ви за се до сега, а наскоро очекувајте многу нов материјал од нас

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *