Денеска (12 мај) е меѓународниот ден на медицинските сестри и по овој повод министерот за здравство д-р Венко Филипче се сретна со медицинските сестри вработени на КИБФС во Скопје, искажувајќи ја искажа својата благодарност за целокупниот придонес во текот на пандемијата при посетата на медицинските сестри вработени во КИБФС.
-Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате.
Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи – истакна министерот Филипче.
Есенцијалноста и придонесот кон справувањето со целокупната пандемија ја потенцираа клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем.
Во изминатиот период како никогаш досега се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал.
Докторот специјалист по токсикологија, Нико Беќаровски утрово се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели статус во кој што вели:
Во изминативе 450 дена, имаше мои колеги доктори кои наоѓаа разни изговори да избегаат од првата линија на фронтот, но не знам за ниту една МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, која дезертираше.
Затоа, со најдлабока почит, ВИЕ сте вистинските ХЕРОИНИ во оваа во јна.
Вечен спомен за сите МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, кои храбро и беспоштедно го жр твуваа својот живот, а на сите останати ЧЕСТИТ ПРАЗНИК.
Покажавте и докажавте дека сте вистинскиот ‘рбет на здравствениот систем, а организам со здрав ‘рбет може да се искачува кон врвот.