Надица: Александар тргнал од Германија, влегол во Македонија и му се губи трага, ве молам помогнете

  • By admin
  • мај 12, 2021
  • 0
  • 2019 Views

Надица Белдедовска на својот личен профил на фејсбук во текот на вчерашниот ден сподели два статуси со апел за помош.

Имено се работи за нејзин близок, по име Александар Черговски на кого му се губи трага пред околу два месеци и се уште го нема.

Во првиот статус Надица напиша:

-Драги браќа и сестри, пријатели ќе замолам за помош бидејќи нашит син Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК од 18.02 излегол од својот дом во Германија со намера да дојде во својата родна земја.

Последна информација е дека ја преминува МКД граница и не пристигнува во својот дом во Берово.

Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање.

Во второто обраќање, таа побара помош и од медиумите и пртиоа напиша:

-Почитувани претставници на медиумите Ве замолувам да ја објавите веста за исчезнувањето на нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК.

Имено тој од Германија е излеен на 18.02 2021 год со цел да дојде во Македонија поточно во Берово во својот дом.

Последна информација е дека ја преминува МКД граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага.

Веднаш е алармирано во Полицијата а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.

Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *