Прилепчаните Зоран и Сашо низ солзи молат за помош: Еден месец сме без покрив над глава, останавм без се

  • By admin
  • мај 12, 2021
  • 0
  • 870 Views

Скоро еден месец семејствата Трајаноски и Крстески од Прилеп се без покрив над главата, откако огнената стихија на 19-ти минатиот месец до темел ги проголта нивните домови.

Им отиде буквално се што печалеле цел живот, покуќнина, облека, пари. Немаат повеќе ништо, спијат кај нивни роднини. Трајаноски живеел сам и е невработен, сега спие кај неговата сестра. Требало сега да прави веридба за синот кој е во странство. Освен помош за куќата, бара и вработување.

„Сега почнувам од нула, немам ниту виљушка, ниту чаша вода да се напијам. Ништо немам, се изгоре. 800 евра во пари ми изгореа и златото ми изгоре кое го чував за детето, требаше да правиме веридба, требаше да си дојди од Германија, таму се година и половина со девојката.

Не сум вработен, живеам ако ме викнат да аргатам некаде, пријатели, сестра ми ми дава некој денар“, рече Зоран Трајаноски, сопственик на изгорената куќа.

Крстески се 5 члено семејство. И тие сега се останати без ништо спијат кај свои роднини. Иако Сашо, неговата сопруга и братот се вработени сепак им треба голема помош.

„Ни изгоре цела покуќнина, нешто остана само од алиштата, другото од инвентарот скоро целиот е уништен, маси столици, кревети, телевизори, се изгоре.

Сега сме сместени во приватна куќа кај наши роднини, тие сега помагаат“, вели Сашо Крстески, сопственик на изгорената куќа.

Досега имаат добиено само мала парична помош од хумани граѓани, но недоволна за да започнат со обнова на домовите. Акција за собирање средства сега започнува и хуманитарното здружение „Надеж за Сите“.

„Кој колку може да помогне, едноставно овие две семејства и понатаму да живеат како што треба. Затоа што буквално се она што печалеле е срамнето со земјата“, истакна Маја Божиноска, Здружение „Надеж за Сите“.

„Да им обезбедиме барем малку надеж на овие две семејства, таа надеж би се состоела во финансиски средства, што најмногу им се потребни сега, бидејќи почнувата од нула, за да не бидат нивните деца на улица“, додаде Васе Благадушеска, Здружение „Надеж за Сите“.

Семејствата може да ги контактирате на следните телефонски броеви:

078-402-893 – Зоран Трајаноски

072-234-103 – Сашо Крстески

070-241-068 – Здружение Надеж за Сите

А ова се жиро сметките за донации:

Охридска банка А.Д. Скопје – 530500020935855 – Сашо Крстески

Уни банка – 240287115097940 – Христина Трајаноска

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *