Странци ќе навалат за празниците во Македонија – понуди од 55 до 90 евра за две ноќевања со појадок

  • By admin
  • април 16, 2021
  • 0
  • 1070 Views

Охрид и Струга на големо се нудат во соседна Србија и во Црна Гора за претстојните Првомајски и Велигденски празници кои се паѓаат ист викенд.

И покрај не поволна епи демиолошка слика во земјава и актуелните рес триктивни мерки, туристичките агенции полнат автобуси за доаѓање. Цените се движат од 55 евра до 90 евра за две ноќевања со појадок.

Некои нудат и посета на Скопје и околината. Од некои туристички агенции во Црна Гора за Алсат велат дека е добро тоа што во Македонија може да се влезе без ПЦР тест, но проблем претставуваат затворените угостителски објекти.

„Според информациите кои ние ги имаме, после 20 април ќе се промени ситуацијата во Охрид. Искрено се надевам, а тоа би било добро и за вас, вашата општина и Влада да дозволат мерките да се променат бидејќи ќе изгубите значителен број на туристи за Први мај и Велигден кои оваа година се поклопуваат“, вели Миљан Миљушковиќ, Управител на туристичка агенција од Црна Гора за Алсат М.

И локалните угостители во охридско велат дека има голем интерес за странски туристи за празниците, но голем проблем, велат е начинот на кој Владата во Скопје ги носи превентивните мерки.

„Најголем проблем е што законите ги носат од денес за утре. Не оставаат простор луѓето да се средат, да се организираат. Од денес за утре затвораат, полициски час, од денес за утре можат да затворат за Велигден“, рече Ѓоко Наумоски, Угостител.

Угостителските објекти во земјава не работат, а во Охрид и Струга не работат ниту поголемите хотели.

Од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести најавија средби за викендов и за следната недела на кои ќе се зборува за евентуално зао стрување, олабавување или за продолжување на актуелните рес трикции.

Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на Алсат М ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.