Спасовски проговори за враќањето на Никола Груевски

  • By admin
  • април 15, 2021
  • 0
  • 5994 Views

Министерот Оливер Спасовски, беше на средбата на Зоран Заев со Алијанса/Алтернатива околу наоѓање на решение околу Законот за државјанство.

Спасовски синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 објасни како ќе добијат државјанство оние за кои бараа од албанската опозиција.

„Ние сме надлежни за законот за државјанство, од тој аспект заедно со претседателот на владата разговаравме со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Имавме конструктивни разговори, и имаме напредок до утврдување на методологијата како да најдеме решение. Целосна анализа на состојбите е направена.

Во МВР работи една група со цел оние граѓани кои се во државата да добијат државјанства, а немаат“, рече Спасовски, кој притоа посочи неколку категории на граѓани.

Како што е познато, наскоро политичкиот азил на Никола Груевски истекува. Што ќе биде? Дали тој ќе се врати во земјава? На ова прашање синоќа одговор даде Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи кој гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Јас кажав неколку пати до сега. Тој ќе носи одговорност за се што и има направено на оваа држава. Се има почеток и крај.

И бегството и азилот се што започнало има крај, и на крај ќе излезе пред лицето на правдата. Бега лци има многу во сите држави. Затоа во септември отворивме посебна оперативна акција која се занимава исклучиво на пронаоѓање на бега лци.

Имаме најдено 400 бег алци од правдата. 20 топ приоритети, околу пет најдени. Зборувам за Велешта, Велес, Арачиново.

Нема бегство од правдата никогаш. На крајот на краиштата, каков човек може да бидете ако бегате, и ги оставате оние кои работеле за вас и по ваш ди ктат да бидат по судови, а вие да мислите дека ќе избегате од правдата“, рече Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *