Филипче не премолчи, му врати на Пендаровски, на што овој не остана должен и пак возврати

  • By admin
  • март 30, 2021
  • 0
  • 667 Views

Денеска се одржа 12-тата седница на Советот за безбедост на која се обрати претседателот на државата, Стево Педаровски. Тој посочи дека сликите кои се појавија од македонски граѓани кои заминаа на вакцинација во Србија се срам за нашата држава.

-Сликите од Србија не смеат да се повторат. Тоа беше срам за државата наша. Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита овде дома, рече Пендаровски.

На седницата на која присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче тој им порачал дека мора да бидат обезбедени вакцини за сите граѓани во нивната земја, каде плаќаат даноци и којашто е должна да обезбеди имунизација на цело население.

-Прекин не смее да има. Тоа не го барам само јас, го пренесувам чувството на голем дел македонски граѓани кои не се задоволни од тоа што на тој план го направиме досега.

Сликите што ги гледавме изминатиот викенд во Србија тоа најдобро го илустрираат. Вакви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава. Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира овде, потенцира Пендаровски.

По ова на социјалните мрежи се огласи Венко Филипче и напиша:

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на кри за.

Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.

Стево Пендаровски на ова повторно се огласи, преку фејсбук и напиша:

Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет.

И од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.