Професорот Дејан Трајковски: Денеска се случи нешто многу необично

  • By admin
  • март 30, 2021
  • 0
  • 1566 Views

Статус на професорот Дејан Трајковски:

Денеска се случи нешто многу необично – десезонираниот број на нови случаи (со отстрането влијание на променливиот број на тестирања) неочекувано и нагло опадна, како што се гледа крајно десно на дијаграмот. Бројот на тестирања беше вообичаен како за понеделник, што се гледа и од десезонираниот број на тестирања (не на случаи), даден на дијаграмот подолу во коментарите.

Ќе ја следиме ситуацијата во наредните денови, но доколку овој пад НЕ бил еднократен (т.е. само една екстремна случајна варијација), тоа би значело дека сме блиску до врвот. Не дај Боже утре или во среда епидемијата да надокнади нагоре за ова денешново надолу.

Инаку денеска имаше и голем пад во стапката на позитивни тестови, дури прилично помалку под очекуваната понеделничка стапка.

Веќе се забележува свиткување на графикот на десезонираните нови случаи, па доколку во наредните денови (особено во среда) не дојде до нов голем скок над 1500 новодијагностицирани, би можеле да кажеме дека пикот наближува. Но, евентуални дневни бројки над 1500 веројатно би го инвалидизирале овој охрабрувачки сигнал.

Можеби вирусот веќе „се напил доволно к рв“, бидејќи според мор талитетот на милион жители, сметајќи со 1,8 милион жители Македонија би се нашла на третото место во светот, веднаш после Чешка и Унгарија, доколку ги занемариме градовите-држави Гибралтар и Сан Марино.

Освен доколку кај нас се работи за натпросечен леталитет (процент на починати од сите дијагностицирани, Case Fatality Rate – CFR), тоа би значело дека процентот на прележаност веќе обезбедува солиден колективен имунитет, па можеби бројките ќе започнат да се намалуваат во наредните денови.

Интересно е што во Штип и Свети Николе во овој бран кумулативната инциденца (прележаноста) многу малку пораснала, т.е. изгледа како кај нив колективниот имунитет да бил постигнат уште летоска (на полесен начин), како и есента.

Од друга страна, во Кавадарци, каде што речиси немаше заразување преку летото, по избувнувањето на есенскиот и пролетниот бран населението немаше практично никаков колективен имунитет, па сега бројките дивеат.

Всушност, епидемијата насекаде ќе запре при еден приближно ист степен на колективен имунитет, само што тој некаде бил постигнат на полесен начин, преку летото (асимптоматски, според тоа често и недијагностициран), а некаде на потежок начин (есента и пролетва, со повеќе дијагностицирани случаи).

Кога би се правеле тестирања на серопреваленција на антитела по општините, тогаш би знаеле поточно. Иако досега се изнаслушавме приказни за разни критични недели, оваа недела изгледа навистина ќе биде важна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *