Саша Поповиќ искрено: Во една прилика ми дојде преку глава од се

  • By klaster2
  • ноември 6, 2022
  • 0
  • 232 Views

Шоуто ,,Ѕвезда Гранда” со години е број еден на регионот, слободно можеме да кажеме дека е број еден музичко шоу, низ кое со години излегоа низа врвни пејачи.

Но секако зад оваа приказна мора да стои успеше водич кој ќе го организира и осмисли сето ова, а тоа секако е добро познатиот Саша Поповиќ.

Легендарниот Саша Поповиќ изгради име со шоуто „Ѕвездите на Гранд” кое го промовираше како број еден музичко шоу, не само на Балканот туку и пошироко.

Почетоците на неговата кариера датираат од 1976та година кога како хармоникаш го основа бендот Лира шоу во кој по извесно време како пејачка доаѓа Лепа Брена. Со неа постигнуваат огромен успех и името го менуваат во „Слатки грех“.

Како дел од „Слатки грех“ со Лепа Брена, Поповиќ патувал низ целиот свет на турнеи или снимајќи видеа на егзотични дестинации. Во поранешна Југославија Лепа Брена и бендот беа најпознати изведувачи и правеа по 30 концерти во еден месец.

Саша Поповиќ е и семеен човек. Тој и неговата сопруга Сузана го имаат синот Александар. Поповиќ рече дека во проблемите секогаш и се обраќа на сопругата, која е мирна и насмеана жена.

Веќе поранешниот директор на Гранд, Саша Поповиќ проговори за своите финансии. Иако долги години е на сцената и има заработено многу пари, но не секогаш течело мед и млеко.

– Зборував за тоа. Живеев четири години во 17 квадрати на дванаесетти кат карши Сава центар. Немав ништо. Заработив милиони со Брена и ,,Слатки грех”.

Кога си млад, не размислуваш. Трошиш доста пари, живееш максимално – изјави Саша во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.

– Во една прилика и дадов пари на Дафина, изгубив сè. И во 1995 година ми се случи да се качам на 12 кат, да влезам, а таму нема ништо од моите работи. На креветот ми ги оставија само пижамите. Во тој момент ми дојде преку глава од се и сериозно се размислив за иднината – вели Поповиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.