Ангела од кумановско: Пица никогаш не сме пробале, сме гледале како јадат но не го знаеме вкусот

  • By klaster2
  • ноември 6, 2022
  • 0
  • 416 Views

Добре Лазаровски од Кумановско Градиште може да се опише во роман. Од доброто очигледно дека само му останало името. Зашто, ништо добро освен раѓањето на децата, не му се случило.

Живот без струја и вода. Без храна и пари, куќа која тешко може да се каже дека е куќа, повеќе личи на некоја куќарка.

Живот со глад и солзи, ќе бидат причината поради која 10 годишната Ангела ќе ја натераат да го пријави нејзиното семејство во ,,Срце на дланка”

Ова семејство од седум луѓе спие во 10м2. Единствен оброк им е попара од шеќер и вода. А, вода обезбедуваат само доколку небото се смилува да заврне, па, така да се избањаат и да ги исперат алиштата.

Ова семејство живее во една руинирана соба во која ни добиток не би живеел а камоли семејство, до скоро немале струја, а вода за пиење обезбедуваат од бунар кој е оддалечен неколку километри од нив.

– Често немаме што да јадеме, живееме во голема сиромаштија, вели десетгодишната Ангела која за своите години проживеала многу.

– Овде сум роден и израснат, го сакам ова поднебје, но животот што го живееме не го посакувам на никому, ги имам само децата а тие ми се најголемо богатство.

– Чекам на Бог да се смилува и да заврне за да можеме да се испереме, да направиме јадење а понекогаш и ја користиме оваа вода за пиење, вели главата на куќата Добре пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Работам каде ќе ме викнат, ќе добијам некоја дневница и веднаш истата оди на храна, немам постојана работа а од примање земам само за трето дете, додава тој.

– Срце ме бо ли кога ќе мора гладни да си легнеме, но тоа е реалноста. Јас можам и леб само да јадам, но тоа се деца си бараат.

– Децата гладни одат на училиште и гладни се враќаат, кога имам ќе им дадам, многу ми е тешко, овде седуммина спиеме на три кревети, вели мајката Василка.

– Понекогаш ќе има ке им намачкам маргарин, но тоа е реткост, фрижидерот не работи, немам електрично шпоре, немаме ниту телевизор.

– Често јадеме леб и шеќер, тоа ни е главно јадење, немаме, вели малата Ангела, која иако доста млада а веќе е искусна .

– Би сакал да пробам сендвич, но мама нема за да ми направи сендвич. Би бил среќен доколку јадам сендвич вели малиот Јован.

– На децата им правам попара, или кога ми бараат сок а немам им растворувам вода и шеќер, многу ми е тешко, вели мајката Василка.

– Пица никогаш не сме пробале, не го знаеме вкусот на пицата, но сме виделе кога други деца носат, вели со тешко срце малата Ангела.

– Децата ни се смеат во училиште бидејќи често одиме валкани во училиште, немаме вода да се испереме, само кога ќе заврне дожд, додава Ангела.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе и да го има барем основното тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 349 090 или на трансакциската сметка 2707000425515.21 – Василка Лазаровска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *