(ФОТО) Жаре Еден на Еден се спакува и замина за САД: Го живее американскиот сон

  • By admin
  • ноември 6, 2022
  • 0
  • 285 Views

Жарко Димитриоски или попознато Жаре Еден на Еден е еден од нашите најпознати водители кој долги години го гледаме на малите екрани.

„Еден на еден“ е една од најгледаните забавни ТВ програми, веројатно најгледаното забавно „ток шоу“ кај нас, а неговиот идеен творец, автор и водител Жарко Димитриоски со текот на годините и од него и од себе направи бренд.

Добитник е на наградата за најдобар Претприемач на годината 2017 во Македонија, а бил избран и на престижниот список на Форбс 30 ундр 30, како еден од најдобрите 30 претприемачи под 30 години во Европа од областа на медиуми и маркетинг.

Димитриоски започнува да се занимава со медиумска работа уште како многу мал. На 6 години е избран да членува во детското драмско студио на МРТВ при една од најголемите направени аудиции во националната телевизија.

Активен член на студиото е 10 години и за тоа време остварува многу улоги во детски проекти, играни серии, радио емисии.

Учествува во Погрешно време, Умни Глави, Светот има осум страни, Дали како што, Здраво генијалци, а најзапаметен е по улогата на Диме Такси во телевизиската серија Големи и мали по адаптација на истоимениот роман од Бошко Смаќоски.

Две години од телевизиската кариера помина во првата и засега единствена спортска телевизија во Македонија, Спорт 4.

Таму работи како новинар, презентер на вести и коментатор на спортски натпревари. Меѓу другите, го коментира и првото финале на Вимблдон помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал, во 2006 година.

Емисијата Ексклузив е проектот со кој Жарко ја почна работата во А1 телевизија. Заедно со екипата која го стартуваше Ексклузив, меѓу кои и Анкица Стојановска, успеа да внесе новитет во телевизискиот етер правејќи ја првата емисија од овој тип кај нас, на која подоцна стана и уредник.

Во меѓувреме беше водител и на квизот 50-50, проектот НЕЦ – обратна аукција, македонскиот пренос од финалињата на Јас имам талент и Преживеан од Белград, проектот Најбрза македонска ѕвезда на емисијата Високи Октани, а изработи и документарен филм за Тоше Проески насловен По Тебе. Во овој период изработува и повеќе реклами за BOOM TV, меѓу кои најпопуларен е познатиот спот со Жаре и Баба Ратка.

Почнувајќи од третата сезона на ТВ-шоуто Еден на еден, истото е во продукција на истоимената маркетинг агенција. Во неа Жарко Димитриоски фигурира како креативен директор. Агенцијата работи комплетен сервис на маркетинг за врвни претпријатија

Жаре периодов се реши да се спакува и да замине далеку од Македонија, па така одлета за САД.

Тој на социјалните мрежи, пред се фејсбук и инстаграм објавува фотографии на кои се гледа како го живее американскиот сон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *