Македонецот Зоран во Австралија со голема чест: Одликуван со медал за своето храбро дело

  • By klaster3
  • август 10, 2022
  • 0
  • 339 Views

Во 2019-та и 2020-та година за Австралија можеби беа едни од најтешките и најстр ашни години коишто континентот ги доживеал.

Пожа рите поради кои илјадници луѓе мораа да се евакуираат, однесоа бројни човечки животи, но и милиони животни, илјадници куќи и над милион хектари шума и друга вегетација оставија силни посл едици не само во Австралија туку и низ целиот свет.

Според научниците, Австралија е најран ливиот континент во однос на климатските промени, па во тој долг период мораа да се активираат сите можни одбран бени механизми кои ги има земјата.

Освен противпо жарната служба, во борб ата против огнените јазици се приклучија и бројни волонтери. Тие и беа од голема помош во справувањето затоа што покрај другото, ги водеше чувството за емпа тија и желба за помош на останатите.

Еден од волонтерите беше и Македонецот Зоран Велески од Сиднеј кој неодамна доби медал за неговата помош за време на настаните во Нов Јужен Велс во 2019та и 2020та година.

Тој беше еден од волонтерските пожарникари во државата кој им се приклучи на професионалците како помош во деновите пред новогодишната ноќ.

Велески беше одликуван со Национален медал за доброволната работа во Руралната противпожарна служба на НЈВ при гасењето, па во разговор за СБС радио на македонски сподели малку повеќе детали за неговото приклучување и работа како волонтер.

– Јас сакам да волонтирам од причина што сакам да им помагам на луѓето и тоа ме прави задоволен. Во 2019та година јас појдов да земам квалификација за волонтирање во противпож арно друштво.

Многу сум задоволен што ми дадоа можност да бидам волонтер, а јас секогаш сакав да бидам пожарникар. Ние на тој ден, 31ви декемвври 2019 на радиото за ит ни повици слушнавме и беше првпат да отидам на терен.

Имаше пет луѓе со искуство и години поминато во пож арната и тие ми помогнаа многу.Многу стр ашно беше, многу жешко, вели Зоран.

Тој помагаше при големиот пож ар што ја зафати нацијата, а слики го обиколија целиот свет поради невераојнтно брзото ширење. Во Нов Јужен Велс беше прогласена седумдневна вон редна состојба поради рекордно високите темп над 40 степени што предизвикаа над стотина пожа ри.

– Не сум стра вувал за мојот живот. Да помогнам на луѓе е многу важно и можеби од тоа што моите колеги кои се искусни ми кажаа не пл аши се ние ќе се грижиме за тебе.

Со волонтирањето добив многу пријатели, сите спремни да им помогнеме на другите луѓе. Многу сум благодарен на сите итни служби, не само за портивпожа рната туку и амбулантата, по лицијата, спасувачките служби, сите беа спремни да помогнат, завршува Зоран.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.