Митко Јанчев на одмор не замина многу далеку – летува на дестинација каде има бројни Македонци

  • By admin
  • август 10, 2022
  • 0
  • 391 Views

Како што е познато, Митко Јанчев, првиот човек на Кавадарци иако поради својата фунцкија има доста обврски, сепак  наоѓа време и е посветен семее човек.

Митко Јанчев е во брак со сопругата Веселка со која има три деца од кои два син Никола и Стојанче како и ќерката Мила.

За Митко Јанчев е познато дека е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.

Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.

Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија.

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.

Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многу други.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани,помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.

Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите.

Неговата најголема амбиција е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка за што сведочи и вториот мандат.

Иако важи за еден од најбогатите Македонци, сепак Јанчев со фамилијата на одмор не замина на некој егзотична и далечна дестинација, туку избра нешто скромно.

Имено Митко Јанчев во изјава за Фокус.мк кажа дека летува во соседна Грција, поточно во Калитеа, локација за која е познато дека има многу Македонци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *