Димче Арсовски се огласи и кажа зошто бил во Монтер Карло и колку пари го чинело

  • By admin
  • август 10, 2022
  • 0
  • 361 Views

Потпаролот на опозицската ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски откако беше објавено дека бил во Монако, поточно Монтер Карло се огласи попладнево на својот профил на фејсбук каде напиша:

„Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цен зурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период.

Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.

Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кри зата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди.

Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил.

Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ“, наведе популарниот Димса и меѓу другото напиша:

Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и ла га дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак.

Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сѐ што се случува во државава, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.

И, да, со на пади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.

Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден кр иминал на власта, к риминал кој го имаат направено кр иминалците од СДСМ.

Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги укр адовте од народот, на кр иминален начин на кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.

Воедно да им порачам да не бидат лиц емери колегите од СДСМ, ваквите ха јки што ги нарачуваат против мене, ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *