Екипата на Вардар по освојувањет на Купот на Македонија во Кавадарци, вчера и официјално ја одбрани титулата и во домашното првенство.
Големата победа во Битола кај Еурофарм Пелистер беше клучниот чекор кон седмото одличје во низа за вардаровите ракометари, односно титулата број 15 во својата богата историја.
Тимот предводен од Шпанецое Давид Дејвис ја оствари посакуваната победа во последното коло против Тиквеш откако славеше со високи 37-25.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов по крајот на мечот му го врачува пехарот на капитенот Борко Ристовски, по што следеше прославата на успехот.
Како што е познато долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, но во последно време Борко Ристовски го нема во националниот тим.
По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика и многу други тој се врати дома и веќе две сезони е дел од Вардар.
Полека но сигурно со своите 39 години Борко е на залезот на својата кариера, па во последно време е и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.
Како што е познато во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.
Како круна на љубовта Борко и Нина го добија синчето Душан за кое голманот често знае да каже дека му е една од најголемите радости во животот.
Токму сопругата Нина вчера го снимаше Борко за време на прославата на титулата во кафана како во еден момент го зеде микрофонот од пејачот во свои раце и пропеа.
Борко се реши да ја запее убавата македонска песна „Земјо Македонска“ што наиде на општо одобрување кај сите присутни во локалот кои станаа на нозе и запејаа со високо крената раце.